Top Sport

Аргентина прв победник на новиот „Лужники“

Серхио Агуеро продолжи со одличната форма во последно време, откако го постигна единствениот гол на пријателскиот меч меѓу Русија и Аргентина со кој официјално беше отворен фантастичниот реновиран стадион „Лужники“, каде што следното лето ќе се одигра финалето на СП.

Руските организатори решија честа да го отворат стадионот кој претставува гордост на Русија да му ја доделат на Лионел Меси и на моќниот аргентински тим, меѓутоа мечот разочара сè до финишот, кога Агуеро по една нафрлена топка прво со нога не успеа да го совлада Игор Акинфеев, за тоа да му успее во вториот обид со глава.

Сепак, импресивно беше кога околу 80 илјади руски фанови ја пееја националната химна. Русите сигурно ќе се надеваат дека и фудбалската репрезентација ќе им одигра на високо ниво.

Scroll to Top