Top Sport

„Аргентина? Тие го имаат најдобриот играч во светот“

Селекторот на Бразил, Тите, не бил задоволен од теренот на стадионот во Порто Алегре, на кој неговите играчи по голема борба и изведување на пенали го елиминираа Парагвај и се пласираа во полу-финалето во Копа Америка 2019.

Бразил и Парагвај во регуларниот дел и по продолженијата одиграа без голови. Бразилците не ја искористија ни предноста од човек повеќе на теренот која ја имаа од 59 минута.

Во пенал серијата Бразил победи со 4:3.

„Апсурдно е. Не може на вакво ниво да се игра фудбал по ваков терен. Беше тешко за игра, момците не можеа да ја примат топката онака како што треба“, рекол Тите.

Бразил во полу-финалето го чека победникот од натпреварот помеѓу Аргентина и Венецуела.

„Аргентина има многу квалитетни играчи. И тие треба да се прилагодат на условите, иако во своите редови го имаат најдобриот играч во светот. Тоа без сомнение е Лео Меси“, заклучил бразилскиот селектор.

Во преостанатите два четврт-финални натпревари ќе играат Колумбија и Чиле, односно Уругвај и Перу.

Scroll to Top