Top Sport

Аргентинци составија екс-Ју тим, со „чуден“ избор на фудбалери

Аргентинскиот магазин „Оле“, им посвети внимание на фудбалерите од просторите на поранешна Југославија.

Магазинот состави тим од фудбалерите кои потекнуваат од просторите на поранешната држава.

На голот е Јан Облак, во одбраната Шиме Врсаљко, Никола Миленковиќ, Стефан Савиќ и Александар Коларов. Тројца Хрвати и еден Србин се во редот за врска: Лука Модриќ, Марцело Брозовиќ, Матео Ковачиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Алтернативи во редот за врска се Филип Костиќ, Адам Марушиќ и Миралем Пјаниќ.

Во нападот се капитените на БиХ и Србија: Един Џеко и Душан Тадиќ. Нивни замени би биле Душан Влаховиќ, Иван Перишиќ, Стеван Јоветиќ и Лука Јовиќ.

Аргентинците овој тим го составил по некакви нивни стандарни и погледи кон фудбалот. Не се воделе според моменталната форма на фудбалерите од овие простори. Во моментов од просторите на поранешна Југославија во одлична форма се наоѓаат играчи кои се помлади од Врсаљко, Коларов, Џеко…

Scroll to Top