Аргентинците излегоа на улиците на Буенос Аирес барајќи правда за Диего Марадона, бидејќи истрагата за неговата смрт се уште не дава никакви одговори.
„Тој не умре, го убија“, е пораката од протестот кој се одржа пред Обеликсот во Буенос Аирес. На протестот беа и поранешната сопруга на Марадона, Клаудиа Вилафане и неговите ќерки Далма и Џиана.
„Правда за Диего“, „Сакаме судење, виновниците да бидат казнети“, можеше да се прочита на некои транспаренти.
Еден од најдобрите играчи на сите времиња, почина на 25.ноември минатата година. Лекарите објавија дека починал од срцев удар, додека неговото семејство е убедено дека Марадона починал од лекарска негрижа.
Марадона, во Аргентина, имаше статус на божество. Неговата смрт ја истражува обвинителството. Според аргентинските медиуми под истрага се неговиот доктор Леополдо Луке, психологот Карлос Диаз, односно медицинските лица Дахиња Гисела Мадрид и Рикардо Алмирон.