Top Sport

Аргентинците пак го повикаа Игуаин, нема место за Икарди

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли потврди дека го повикал во репрезентацијата Гонзало Игуаин за пријателските мечеви овој месец против Италија и Шпанија.

Игуаин не беше во тимот за последните четири квалификациски дуели за Светското првенство, а последен настап му беше пријателскиот меч во јуни против Бразил во Австралија. Откако оваа сезона постигна 20 голови за Јувентус, Пипита беше повикан да биде партнер на Лео Меси во нападот.

Сампаоли од тимот ги изостави Мауро Икарди и Пауло Дибала, но ги вклучи Диего Пероти од Рома и Серхио Агуеро од Манчестер сити. Се очекува Сампаоли да додаде уште неколку  фудбалери од аргентинскиот шампионат. Аргентина ќе игра со Италија на „Етихад“ во Манчестер на 23 март и против Шпанија во Мадрид четири дена подоцна.

„Ова е 80 отсто сигурен тим за Мундијалот. Дефинирањето на другите 20 отсто ќе биде покомпликувано“, вели Сампаоли.

Аргентина на СП во Русија е во тешка група со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Scroll to Top