Репрезентацијата на Италија не успеа да се пласира на Светско првенство првпат од 1958 година, и првите последици се чувствуваат – Аргентинците веќе не сакаат да играат пријателска сонив.
Дуелот Италија-Аргентина беше договорен за 23 март, но според италијанските медиуми, Аргентинците сега не се заинтересирани за таков дуел поради сите фудбалски случувања во Италија.
Според „Итаспортпрес“, Аргентинската фудбалска федерација (АФА) пратила писмо до италијанската федерација (ФИГЦ), барајќи откажување поради малиот интерес на навивачите и поставувањето на „високо експериментален“ тим од Италија со преоден тренер. Според нив, ова е срамота за Италија.