Top Sport

Аргентинска „врска“ – Дибала и Игуаин донесоа победа за Јуве (видео)

Со по еден гол во двете полувремиња, Пауло Дибала и Гонзало Игуаин донесоа четврт-финале во Копа Италија за Јувентус со лесната 2:0 победа над Џенова.

Дибала се врати во составот на „бјанконерите“ и го совлада Еугенио Ламана при крајот на првото полувреме за водство на актуелните шампиони.

Јуве доминираше во првото полувреме, но „Грифоне“ беа посериозен противник во второто, и Андреј Галабинов за малку ќе ја искористеше грешката на Андреа Барѕаљи да израмни. Меѓутоа, Игуаин во 76. минута по одличната акција на аргентинскиот сонародник Дибала го реши мечот.

Во составот на Џенова го немаше македонскиот репрезентативец Горан Пандев, но свое деби имаше ветеранот Џузепе Роси, кој влезе во игра во последните 15-тина минути.

Scroll to Top