Top Sport

Ариго Саки ги поддржа свирежите кон Донарума

Легендарниот тренер на Милан, Ариго Саки, ги поддржа навивачите кои со свирежи го испратија секој допир на топката, што го имаше голманот Џиџи Донарума, во вторникот против Шпанија.

Пораката на навивачите на Милане јасна, никогаш нема да му простат на Донарума. Младиот голман, летово, како слободен играч се пресели во ПСЖ, откако ги одби сите понуди за продолжување на договорот.

По мечот со Шпанија, во полу-финалето во Лигата на нации, незадоволен бил и менаџерот на голманот, Мино Рајола. Го бранеше својот клиент со зборовите дека „никого не убил“.

Легендарниот Саки, му порачал на Рајола, дека нема право да се буни, бидејќи реакцијата на навивачите можела да се предвиди. Значи, немојте сека да глумиме дека сме шокирани поради неколку свирежи“, изјавил Саки на спортскиот фестивал во Тренто.

„Од време на време луѓето знаат да навредат на ваков начин. Очигледно, во прашање е предавство. А во фудбалот, како и во животот, предавството мора да се плати.

Scroll to Top