Top Sport

Аријан Адеми: Никогаш не се покајав што ја одбрав Македонија

Аријан Адеми, во интервју за „Јутарњи“, рекол дека никогаш не зажалил поради одлуката што одбрал да игра за фудбалската репрезентација на Македонија.

Во дел од интервјуто Адеми објаснува дека тој е роден во Шибеник, а дека во овој град од Македонија дошол неговиот пра дедо во текот на Втората светска војна.

„Голема и силна е врската со Македонија. Од семејните приказни па до денес кога со гордост го носам дресот на репрезентацијата на моите предци. Кога одбрав да играм за Македонија знаев дека повеќе нема враќање и дека тоа е мојот избор. Гледано од оваа дистанца сакам да кажам дека никогаш не се покајав поради таа одлука. Секогаш се радувам кога треба да дојдам во Скопје на репрезентативните собири“, вели Адеми.

Целото интервју на Аријан Адеми можете да го прочитате на следниот линк.

Scroll to Top