Top Sport

Аријан Адеми влезе во историјата на Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми влезе во историјата на Динамо Загреб. Синоќа тој го одигра 77 натпревар за „модрите“ во европските купови. Динамо, во Ротердам, со победата 2:0 избори пласман во нокаут-фазата во Лига Европа.

„Чест ми е што сум рекордерот на Динамо во европските натпреварувања. Немам време за одмор. Следува Славен Белупо, па ЦСКА Москва и потоа дербито со Риека. Тежок распоред. Мораме добро да се подготвиме. Оваа сезона во Лига Европа немаме примено гол, што да кажам тоа е неверојатно“, рекол капитенот на Днамо.

Адеми, на вечната листа зад себе ги остави Бразилецот Самир (76) и Милан Бадељ (52).

Аријан Адеми, првиот меч во европските купови за Динамо го одиграл во 2010 година, против Шериф.

Scroll to Top