Атлетико Мадрид одбил уште една понуда за Томас Парти. Арсенал не го крие интересот за репрезентативецот на гана, меѓутоа нема пари да го откупи договорот на фудбалерот.
Томас Парти се уште не го продолжил договорот со Атлетико, во актуелниот откупната клаузула изнесува 50 милиони евра.
Арсенал за парти го понудиле Матео Гендузи и 25 милиони евра. Челниците на „јорганџиите“, како што пишува „Гардијан“ без размислување ја одбиле оваа понуда.
Атлетико водат интензивни преговори со менаџерот на 27 годишниот фудбалер. Целта е тој да го продолжи договорот за да може да биде максимално фокусиран на натпреварите во Лигата на шампионите.