Top Sport

„Армада“ и „БББ“ во војна во Риека (видео)

Дербито на Хрватската лига меѓу шампионот Риека и лидерите Динамо Загреб беше откажан поради снегот и лошото време, но тоа не им пречеше на нивните тифози да се пресметаат на „определено“ место во „определено“ време.

Во близината на салата „Младост“ во Риека, две групи на организирани навивачи се тепаа, пред да се разбегаат по доаѓањето на полицијата. На видеото се забележува дека како реквизити во тепачката се користат факлите.

Scroll to Top