Top Sport

Арминија со клучни три поени во борбата за опстанок

Арминија Билефелд стигна до многу важна 1:0 победа над Фрајбург, со што клубот излезе од зоната за испаѓање и освои три поени кои можат да бидат клучни на крајот на сезоната.

Човек на одлука беше Јапонецот Масаја Окугава во 68. минута од мечот, користејќи ја катастрофалната реакција на одбраната и голманот на гостите, а подоцна им беше поништен уште еден гол поради офсајд.

Арминија сега е на 14. место во Бундеслигата со 26 поени, еден пред Херта и Мајнц и три пред Келн. Фрајбург се на 10. место со 37 поени на осум меча пред крајот на сезоната.

Scroll to Top