Напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ признава дека отказот кој го доби тренерот Синиша Михајловиќ по слабиот старт на сезоната на италијанскиот клуб му паднал тешко, бидејќи го чувствувал како постар брат.
Михајловиќ доби отказ и покрај тоа што ја продолжува борбата со леукемијата, и на негово место дојде Тијаго Мота.
„Тоа беше горчлив момент за мене. Сепак, јас имав посебен однос со него, бидејќи ми беше повеќе од обичен тренер, туку пријател. Како постар брат. Сите бевме зад него, но животот секогаш оди понатаму. Се надевам дека неговата здравствена состојба ќе се поправи и набргу ќе се врати како во минатото“, изјави Арнаутовиќ на подготовките на австриската репрезентација, која игра со Франција во меч од Лигата на нации.