Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ли Шарп верува дека Жозе Мурињо ќе биде сменет од местото менаџер пред крајот на годината, по депресивниот 3:2 пораз од Брајтон во неделата, кој предизвика уште една голема дискусија за иднината на Португалецот на „Олд Трафорд“.
Поразот доаѓа по тешкото лето во кое Мурињо призна дека беше исфрустриран што не му ги донесоа потребните засилувања, и самиот тој призна дека ќе биде тешко да се влезе во топ 4. Покрај тоа, тука е и конфликтот со Пол Погба, како и казната на Антони Марсијал. Шарп вели дека часовникот отчукува.
„Мурињо е погрешниот човек за оваа работа. Кога дојде во Челси беше шармантен и забавен, но сега е мрачен и депресивен. Неговиот фудбал не е возбудлив, а нашите најголеми ривали Ман сити и Ливерпул играат возбудливо. Негативна атмосфера и ќе си оди пред Божиќ“, вели Шарп, кој играше под Сер Алекс Фергусон од 1988 до 1996 година освојувајќи три титули од ПЛ и две од ФА купот.
Mourinho is not happy. #beINPL #BHAMUN #MUFC pic.twitter.com/DxuRPymicf
— beIN SPORTS (@beINSPORTS) August 19, 2018
Дека Мурињо не е расположен беше евидентно цело лето, но сега саркастичниот одговор кој го даде по мечот со Брајтон само го потенцира тоа. Кога беше запрашан за недостатокот на „хемија“ меѓу фудбалерите, Португалецот „откачи“.
„Мора да сте фантастични во вашата работа кога имате способност од трибините да кажувате за хемијата меѓу фудбалерите. Направивме грешки и бевме казнети, не можам да кажам повеќе од тоа“, изјави Мурињо.
Paul Pogba has given a VERY honest assessment of Manchester United… pic.twitter.com/Z1mZE4nT1V
— Match of the Day (@BBCMOTD) August 20, 2018
Сепак, Пол Погба од друга страна посочи дека неговиот тим бил „неподготвен“ за предизвикот кој ги чекаше во Брајтон.
„Секогаш ќе се обидувам, знам дека загубив многу топки и тоа не треба да се случува. Но, мислам дека тие беа подобро подготвени за овој меч, многу подобро од нас“, изјави Погба.
Подоцна, Погба се обиде да го крене моралот во тимот.
„Секогаш играме за дресот и за фановите и нормално е тие да се лутат. Сите сме лути. Мораме да го смениме тоа веќе против Тотенхем и да играме многу, многу подобро. Не сме тука само да играме и да бидеме во Премиер лигата, туку ние сме Манчестер јунајтед и треба да победуваме“, додава Погба.
Како и да е, ако се верува на францускиот „Л’Екип“, Зинедин Зидан само ја чека својата шанса да стане тренер на Јунајтед. Уште некој натпревар како против Брајтон ќе значи дека нема да чека уште долго.