Играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи првпат ги покажа своите нови близнаци преку Инстаграм, објаснувајќи ја ситуацијата со една фраза: Дабл трабл (двојни проблеми).
Сопругата на 27-годишниот Велшанец, Колин, се породи во текот на интернационалната пауза и тој ги пропушти мечевите на Велс, пред да се врати како замена при 3:1 победата на Арсенал над Лестер во понеделникот навечер.
Арон и Колин се заедно од детството, и веќе го имаат тригодишниот син Сони.
Додека на личен план му оди одлично, на професионален, Ремзи се најде во незавидна положба откако Арсенал ја повлекоа понудата да го продолжат неговиот договор, кој завршува на крајот на сезоната. Евертон се заинтересирани да му дадат место на човекот кој постигна 37 гола во 243 настапи во 10 години за Арсенал.