Top Sport

Арсен Венгер прв кандидат за клупата на Швајцарија?

Швајцарските медиуми тврдат дека легендата на Арсенал, Арсен Венгер е првиот кандидат за испразнетото место во швајцарската репрезентација по заминувањето на Владимир Петковиќ, кој стана тренер на Бордо.

Венгер се повлече од Арсенал во 2018 година по 22 години во клубот, но и покрај повеќето понуди, реши да не се врати на тренерската работа, работејќи со ФИФА како шеф на одделот за глобален развој.

Швајцарската фудбалска асоцијација сака да обезбеди тренер кој бргу ќе се адаптира и ќе ја предводи репрезентацијата на квалификациите за Светското првенство во Катар. Венгер и пред доаѓањето во Арсенал, кога беше тренер на Нагоја грампус, доби понуда од Швајцарија, но тогаш ја одби.

Scroll to Top