Top Sport

Арсенал и без голови во нокаут фазата

Арсенал се квалификуваше за нокаут фазата во Лигата на Европа и покрај тоа што успеа да ги „успие“ од досада своите навивачи со 0:0 ремито со српската Црвена звезда.

Откако ги започнаа настапите во Лигата на Европа со нереди на 20 илјади непоканети навивачи на Келн на „Емирати“, Арсенал се квалификуваше понатаму пред празни редови на стадионот. Официјалната посета од 58.285 дефинитивно не се гледаше на трибините и покрај гласните гостински навивачи, а младиот тим на Арсен Венгер не можеше да направи доволно за победа.

Каков беше мечот најдобро зборува тоа што најголемиот аплауз навивачите на „топчиите“ го резевираа за гостинскиот голман Милан Борјан, кој се сопна при едно исфрлање на топката.

ГРУПА Г

ФЦСБ – Хапоел Бер Шева 1:1

Викторија Плзен – Лугано 4:1

ГРУПА Х

Арсенал – Црвена Звезда 0:0

Келн – БАТЕ Борисов 5:2

ГРУПА И

Салцбург – Коњаспор 0:0

Виторија Гимараеш – Марсеј 1:0

ГРУПА Ј

Атлетик Билбао – Остерсундс 1:0

Херта Берлин – Зорја 2:0

ГРУПА К

Лацио – Ница 1:0

Витесе – Зулте Варегем 0:2

ГРУПА Л

Реал Сосиедад – Вардар 2:0

Розенборг – Зенит С.Петерсбург 1:1

Scroll to Top