Top Sport

Арсенал без Обамејанг ќе ги напаѓа „граѓаните“

Пјер-Емерик Обамејанг ќе го пропушти утрешниот натпревар помеѓу Арсенал и Манчестер сити во Лига купот.

Капитенот на Арсенал, поради повреда на мускулот, не играше и во саботата против Евертон.

„Се чувствува подобро него што тоа беше случај во изминатите два дена. За неколку дена повторно ќе оди на снимање, тогаш ќе знаеме кога ќе може да се врати во тимот“, рекол менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Обамејанг, на почетокот на сезоната, го продолжи договорот со Арсенал. Габонецот од клубот доби неделна плата од 350.000 евра. На 15 натпревари Обамејанг има постигнато само пет гола.

Scroll to Top