Top Sport

Арсенал би платиле 80 милиони за Гвидо Родригез

Арсенал, во летниот преоден рок, би можече да го реализираат трансферот на Гвидо Родригез од Бетис, тврди Мундо Депортиво.

Родригез, во јануари минатата година, од фудбалскиот клуб Америка, Мексико, се пресели на „Бенито Виљамарин“. Со Бетис, Аргентинецот, има договор до 2024 година. Откулната клаузула во неговиот договор изнесува 80 милиони евра.

Според овој извор Арсенал биле подготвени да ја платата оваа сума, иако на почетокот на сезоната за 50 милиони евра го донесоа Томас Парти, кој ја покрива истата позиција.

Она што може да биде проблем за Бетис е тоа што тие поседуваат 70 отсто од правата врз фудбалерот, останатите 30 отсто се во сопственост на Клуб Америка.

Мундо Депортиво потенцира дека Мексиканците немаат намера да се откажат од својот дел.

Бетис за 26-годишниот фудбалер, во јануари минатата година, платија само три милиони евра, што значи дека и доколку не ги откупат преостанатите 30 отсто од Клуб Америка, ќе заработат многу повеќе од она што вложија во него.

Scroll to Top