Top Sport

Арсенал би сакале да го вратат Казорла

Арсенал ќе преговараат со својот поранешен фудбалер, Санти Казорла за враќање во клубот како тренер, тврди британскиот „Експрес“.

Казорла беше фудбалер на „топчиите“ до 2018 година, но немаше играно последните две сезони поради сериозна повреда на скочниот зглоб. Сега, тој е активен фудбалер на Вилјареал, но неговиот договор завршува на крајот на сезоната. Казорла неодамна призна дека би сакал да биде повторно во Арсенал.

„Не знам дали е можно или не, но би сакал да одиграм уште еден меч за Арсенал пред да се повлечам. Жал ми е што не се збогував како што треба, а Арсенал беше најголемиот клуб во кој играв и горд сум на тоа. Посебно сум благодарен на навивачите на тимот и посакувам да бидам дел од семејството на ’топчиите’ во иднина“, изјави во јануари 35-годишниот Казорла.

Според „Експрес“, неговиот сонародник и поранешен соиграч Микел Артета е подготвен за соработка, исто како и фудбалскиот директор на клубот, Раул Санлехи.

Scroll to Top