Top Sport

Арсенал блиску до договор со Бернд Лено

Членот на англиската Премиер лига, Арсенал, во наредната сезона ќе влезе со нов голман. „Билд“ објави дека преговорите помеѓу клубот и голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено, влегле во завршна фаза.

Лено (26) е член на Леверкузен од 2011 година, тој е еден од најдобрите германски голмани, а треба да биде и меѓу патниците за Русија, како дел од националниот тим.

Трансферот на Лено значи дека Колумбиецот Давид Оспина ќе го напушти Арсенал, а резерва на Германецот ќе му биде чешкиот ветеран Петр Чех.

Инаку, интерес за услугите на овој голман покажале уште две екипи, Наполи и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top