Top Sport

Арсенал даваат само 40 милиони фунти за Вилфрид Заха

Арсенал дале понуда од 40 милиони фунти да го добијат крилото на Кристал палас, Вилфрид Заха, јавува „Скај спортс“, иако од лондонскиот клуб јасно порачале дека го ценат фудбалерот високи 80 милиони фунти.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед е навивач на Арсенал од детството, и неговиот брат Џидисаел вели дека тој сонува да игра за „топчиите“.

„Вилфрид ќе го носи Кристал палас секогаш во срцето поради поддршката, меѓутоа неговиот сон е да игра за Арсенал. Се надевам дека договорот ќе се исполни, за Вилфрид да заигра за клубот за кој навивал од детството“, вели неговиот брат.

„Топчиите“ имаат ограничен буџет за трансфери ова лето, но се подготвени да вклучат и двајца фудбалери за да го добијат Заха.

Scroll to Top