Top Sport

Арсенал ги скроти „волците“ на Еспирито Санто (Видео)

Арсенал во дербиот на колот во Премиерлигата славеа на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:0.

„Топџиите“ веројатно го одиграа најдобриот меч на гостински терен под команда на микел Артета. Делуваа компактно и трпеливо ги чекаа своите шанси.

Букајоко Саха го постигна првиот гол во 42 минута. Младиот играч со прекрасен волеј го совлада Руи Патрисио.

Вулверхемптон се обидоа во втoриот дел да израмнат, најдобрата шанса ја пропушти Адама Траоре.

Во самиот финиш на натпреварот, три минути по влегувањето на теренот Александар Лаказет ја потврди победата на Арсенал.

Со овие три бода Арсенал стигнаа до седмото место со три бода помалку од Вулврхемптон.

Scroll to Top