Арсенал го комплетираа трансферот на ѕвездата на грчкиот прволигаш ПАС Јанина, Костас Мавропанос за 2.1 милиони евра, поставувајќи голема надеж во 20-годишниот дефанзивец.
Мавропанос го оценуваат како еден од најдобрите дефанзивци во Грција во последнтие 10 години, откако дебитираше во грчката лига како 18-годишник во ноември 2016 и имаше 20 настапи за Јанина.
Се верува дека тој нема да биде во првиот состав на Арсенал и може да биде позајмен на клуб од Бундеслигата за да добие искуство. Антонис Никополидис, поранешниот грчки голман кој го освои Евро 2004, а сега е тренер на грчката У-21 репрезентација на Грција вели дека Мавропанос ќе биде успех во Премиер лигата.
„Тоа е момче со голем потенцијал. Многу е млад, но и многу е силен, што ќе му биде предност во Премиер лигата“, вели Никополидис за „Гардијан“.
Грците можат да се пофалат со доста добри дефанзивни играчи како Сократис Папастатопулос (Борусија Дортмунд), Костас Манолас (Рома) и Кирјакос Пападоулос (Хамбург).