Арсенал го обезбеди првото засилување во зимскиот преоден рок. Станува збор за Стивен Н’Зонзи кој има премиерлигашко искуство во од периодот кога играше во Блекбурн и Стоук.
Повремениот француски репрезентативец летото беше трансфер цел на Јувентус, но челниците на италијанскиот првак и Севилја не го договрија обесштетувањето.
Јувентус нудеше 30 милиони евра, а Севилја бараше 15 милиони евра повеќе, колку што беше откупната клаузула во договорот на фудбалерот.
Пред почетокот на сезоната Н’Зонзи го продолжи договорот и стана фудбалер со најголема плата во тимот. Во новиот договор откупната клаузула е 40 милиони евра.
Н’Зонзи статусот на првотимец го загуби по мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите, кога беше заменет на полувремето, поради што демонстративно го напушти стадионот. Од тој натпревар ниту еднаш не беше во составот.
Поради тоа Севилја реши да го продаде 28-годишниот фудбалер. Арсенал се согласил да плати 37 милиони евра и дополнителни три низ разни бонуси.