Top Sport

Арсенал го потврдија Лено

Германецот Бернд Лено го комплетираше трансферот од Баер Леверкузен во Арсенал за 22 милиони евра, со што тимот на Унаи Емери добива засилување на голманската позиција.

Петр Чех е постојан голман на Арсенал последните три сезони, но чешкиот ветеран веќе има 36 години, и Емери вели дека Лено е докажан голман.

„Среќен сум што можеме да потврдиме дека Бернд Лено се приклучува на Арсенал. Бернд е фудбалер од висок квалитет и искуство и тој беше голман број 1 на Леверкузен во силната Бундеслига последните седум години“, вели ЕМери.

Лено поголемиот дел од јуниорската кариера ја помина во Штутгарт, пред да замине во 2011 без ниту еден настап за сениорскиот тим. Истата година тој влезе во историјата како најмлад голман во историјата на Лигата на шампионите со 19 години и 193 дена во дуелот со Челси. Оттогаш тој имаше над 230 настапи во Бундеслигата и шест настапи за германската репрезентација, иако не беше повикан на Мундијалот.

Scroll to Top