Top Sport

Арсенал го потврдија Лукас Тореира

Арсенал, под водство на новиот тренер Унаи Емери, донесоа ново засилување во клубот, откако младиот Уругваец Лукас Тореира дојде од Сампдорија за сума која клубот не ја објави, но се верува дека е околу 30-тина милиони евра.

„Со Лукас Тореира, имаме млад фудбалер кој може да стане вистинска ѕвезда. Играч од средниот ред од висок квалитет, уживав следејќи ги неговите натпревари со Сампдорија минатите две сезони, а сите го видовме како играше со Уругвај на Мундијалот“, изјави Емери.

22-годишниот Тореира ги одигра сите пет мечеви на Уругвај на СП во Русија, каде што Јужноамериканците беа совладани во четврт-финалето со 2:0 од Франција. Тореира дојде во Сампдорија во 2015 година и оттогаш имаше 71 настапи за италијанскиот клуб.

Scroll to Top