Никола Пепе речиси сигурно ќе се вратаи во француската Лига 1, откако Арсенал се подготени да го пратат на позајмица во Ница, јавува порталот „Гол“, и преговорите за условите на позајмицата продолжуваат.
27-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска има уште две години од својот договор со „топчиите“, но не е во плановите на менаџерот Микел Артета. Пепе пристигна на „Емирати“ во 2019 од Лил за рекордни за клубот 72 милиони фунти, но по 31 настап во првата сезона, потоа имаше само уште 29 настапи, од кои на само 16 беше стартер.
Тој вкупно има 112 настапи за Арсенал и 27 гола, со што не ги оствари големите очекувања на клубот.