Top Sport

Арсенал го продадоа Бернд Лено на Фулам

Фулам го потврдија трансферот на голманот Бернд Лено од Арсенал, давајќи му тригодишен договор на Германецот, кој стана втор избор кај „топчиите“ минатата сезона по пристигнувањето на Арон Ремсдејл.

Повратниците во Премиерлигата претходно беа заинтересирани за Алфонс Ареола и Нето, пред да се договорат со Арсенал за трансферот на Лено, кој ги чинеше само 3 милиони фунти, сума која со бонуси може да достигне 5 милиони евра.

„Конечно сум тука! Едвај чекам да се приклучам на тимот бидејќи беше потребно долго време да се склучи договорот“, изјави Лено, кој беше дел од Арсенал четири години.

Scroll to Top