Top Sport

Арсенал и Милан во трка за потписот на Рока

Арсенал и Милан во преодниот рок ќе водат битка за потписот на фудбалерот на Еспањол Марко Рока, тврдат шпанските медиуми. Рока минатото лето се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен.

Шпанците тврдат дека Арсенал веќе испратиле официјална понуда, без при тоа да ја наведат сума која „топџиите“ се подготвени да ја издвојат за потенцијалниот репрезентативец на Шпанија.

Рока има договор со Еспањол до јуни 2022 година. Неговата откупна клаузула изнесува 40 милиони евра.

За разлика од Арсенал луѓето од Милан се уште собирале информации за овој фудбалер. Тие бил подготвени да понудат повеќе пари од Арсенал.

Еспањол на 11 кола до крајот на Примера се наоѓа на последното место со 20 поени, шест помалку од позицијата која обезбедува опстанок во лигата.

Scroll to Top