Арсенал потврдија дека Ричард Гарлик, кој досега ја изведуваше функцијата на директор на фудбал на Премиер лига, ќе стане директор на фудбалски операции на клубот оваа сезона, и ќе работи со техничкиот директор Еду, менаџерот Микел Артета и менаџерот на академијата, Пер Мертезакер.
Гарлик, кој осум години од 2010 до 2018 беше директор на фудбал во Вест Бромвич Албион, ќе ги надгледува договорите на фудбалерите, фудбалските операции во првиот тим и во академијата и ќе ги менаџира односите со фудбалските федерации. Гарлик е адвокат со специјалност спортски менаџмент.
Арсенал ја имаа испразнето оваа позиција по заминувањето на претходниот директор Хас Фами во октомври, и во клубот стравуваа дека во дел од новите договори имаат направено пропусти кои подоцна можат да ги чинат скапо.