„Сините“ предводени од новиот тренер Маурицио Сари не успеаја да го совладаат лондонски ривал Арсенал во мечот од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) во Даблин, Ирска, откако раната доминација и водството беше поништено од Александар Лаказет во финишот на натпреварот за реми 1:1.
Челси стигна до рано и лесно водство уште во шестата минута, кога по корнерот на Цеск Фабрегас, топката дојде кај Антонио Ридигер, кој од десетина метри со одличен удар со глава го совлада Петр Чех.
Само 10 минути подоцна, „Сините“ пропуштија огромна шанса да поведат со 2:0, кога откако Ектор Белјерин го совлада Калам Хадсон-Одои во шестнасетникот добија пенал. Но, маките на Алваро Мората продолжија, откако тој изведе „мрзелив“ пенал, и Чех лесно му ја фати топката.
Арсенал, кои оваа сезона исто така имаат нов тренер во Унаи Емери, не успеа да направи некоја позначителна шанса во првото полувреме, препуштајќи им ја играта на Челси, кои во 44. минута повторно имаа одлична шанса, откако новото засилување Жоргињо го најде Хадсон-Одои, кој излезе сам пред Чех, но голманот беше сигурен.
Второто полувреме беше одбележано со голем број на промени, со кои очигледно двата тренери им дадоа шанса на фудбалери кои тешко дека ќе се најдат во стартниот тим кога ќе почне сезоната.
Емери имаше причини за загриженост, откако босанскиот „тенк“ Сеад Колашинац се повреди на 20 минути пред крајот на мечот и беше заменет со Мејтланд-Најлс. Влегувањето во игра на Александер Лаказет го разигра нападот на Арсенал, кои ја презедоа иницијативата во финишот на мечот.
Лаказет во 93. минута донесе израмнување, по што се излезе на изведување пенали. Откако во пет серии сите беа прецизни, Рубен Лофтус-Чик утна во шестата серија, а Ивоби беше сигурен за Арсенал за победа.
Rudiger goal V Arsenal
Fabregas with the assist great header by Antonio#cfc #sarribll #mrsarriball pic.twitter.com/8K2xJfcKJ4— Mr Sarriball ( Chelsea news ) (@Mrsarriball) August 1, 2018
Alvaro Morata’s first half against Arsenal #AFCCHE :
— Veloso ???? (@VelosoHD) August 1, 2018