Фудбалерите на Саутемптон и Арсенал ремизираа 1:1 (1:0), во првиот натпревар од неделата програма во 16.коло, во Премиер лигата.
Саутемптон водеше од третата па се до 88.минута кога Арсенал успеа да се спаси од пораз.
Домашниот тим стигна до предност со голот на Чарли Остин по 180 секунди игра. Напаѓачот на Саутемптон погоди по сјајната кација во која учествуваше Тадиќ.
Арсенал во второто полувреме изврши силен пристисок кон голот на Фостер, кој го спречи Рамзи да го израмни резултатот.
На 20 минути до крајот Ромеу ја погоди гредата на голот кој го бранеше Чех.
На два минути до истекот на регуларното време Жиру успеа центаршутот на Алексис Санчез да го проследи во голот.
Арсенал со овој бод остана на петтата позиција во лигата со 29 бода, додека Саутемптон е на 12.место со 18 бода.