Top Sport

Арсенал ја одбиле Рома за Мхитаријан

Рома и Арсенал не можат да го договорат трансферот на Хенрик Мхитаријан. Ерменцот сезонава како позајмен играч на Арсенал го носи дресот на Рома. Челниците на Рома планирале да испратат ушта една понуда, а доколку и таа биде одбиена тогаш ќе бараат друго решение.

Според англиските медуми Арсенал одбиле две понуди за Мхитаријан, наводно новиот тренер Микел Артета имал намера да го врати во клубот.

„Секогаш му се допаѓал како играч. Мхитаријан кога е на своето препознатливо ниво може да се вклопи во секој тим“, рекол Артета.

Не се прецизира колкави биле понудите што ги испратиле од Рим, но доколку Арсенал ја одбијат и третата тогаш Рома ќе се обиде да го донесе Педро од Челси чии договор истекува по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top