Арсенал се подготвени да му дозволат на Месут Озил да го напушти клубот на позајмица веќе во јануари, само да се „ослободат“ од него, тврди британскиот таблоид „Сан“.
Клубот од северен Лондон е толку разочаран од играта на Германецот, што се подготвени да го плаќаат поголемиот дел од неговата плата, во сличен договор со кој Алексис Санчез замина од Манчестер јунајтед на позајмица во Интер.
Се верува дека Озил заработува фантастични 350.000 фунти во Арсенал, а оваа сезона има само еден старт во Премиер лигата. Најзаинтересирани за 30-годишниот Озил се Фенербахче, но само со договор за позајмица. Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, очигледно не го преферира Озил, што беше очигледно минатата недела во мечот од Лига купот против Нотингем форест, кога Германецот бесно реагираше на заменувањето од играта.
Arsenal ready to ditch Ozil and loan him out – and will even pay for him to leave https://t.co/7PBFGKv9tb
— Sun Sport (@SunSport) September 29, 2019