Менаџеорт на Арсенал, Микел Артета, во јануарскиот преоден рок сака да го засили редот за врска. Англиските медиуми пишуваат дека „топџиите“ ќе се обидат да го донесат во своите редови 26-годишникот од Севилја, Жоан Жордан.
Арсенал игра лошо оваа сезона, а главна причина е променливата форма на играчите од редот за врска. Гранит Џака и Дани Себаљос не се миленици на навивачите, иако од Артета редовно добиваат можност да играат, додека 50 милиони евра платениот Томас Парти се мачи со повредите.
Артета бил убеден дека со Жордан ќе ги реши проблемите во овој дел од тимот.
Жордан има договор со Севилја до јуни 2023 година и откупна клаузула од 60 милиони евра.
Според „Трансфермаркт“, овој фудбалер вреди 20 милиони евра.
Наводно Севилја би го продале Жордан за 35 милиони евра, веројатно за да можат тие пари да ги инвестираат во трансферот на Иско.