Германскиот репрезентативец, Месут Озил од следната сезона ќе го носи дресот со број 10 во Арсенал, по заминувањето на Џек Вилшир, кому му беше порачано дека новиот тренер Унаи Емери не смета на него.
Озил дојде во Арсенал во 2013 година од Реал Мадрид и оттогаш има речиси 200 настапи за „топчиите“ со 37 голови и 71 асистенции и со три освоени ФА купови. Од клубот потврдија дека тие фанови кои веќе купиле нови дресови со бројот 11, ќе можат да ги заменат дресовите.
„Ова е многу повеќе од само бројка за мене. Ми значи многу што ќе го носам овој дрес следната сезона“, напиша Озил на Твитер. Тој го продолжи договорот со Арсенал до 2021 година.
? – It’s more than just a number. Means a lot to me wearing it next season! Thanks, @arsenal ??〽 #YaGunnersYa #M1Ö pic.twitter.com/M7ZTtMdirb
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) July 3, 2018