Арсенал ова лето ќе потпишат договор со бразилскиот напаѓач Габриел Мартинели од клубот Итуано, објавува порталот „Гол“, откако „топчиите“ подолго време го следеле талентираниот 17-годишник.
Мартинели го сметаат за еден од најталентираните млади фудбалери во Бразил и беше именуван за најдобар нов фудбалер во Кампеонато Паулиста, државната лига на Сао Пауло. Преку својот татко тој може да извади италијански пасош, така што нема да биде потребна работна дозвола за настап во Британија.
Арсенал успеале да го обезбедат потписот со помош на англискиот агент Френсс Кејџиџао, кој има одлични врски во Јужна Америка. Арсенал ќе плати 6 милиони фунти за Мартинели, кој полни 18 години во јуни.