Top Sport

Арсенал со несебична помош за Болтон

Британскиот таблоид „Сан“ објавува дека тимот на Арсенал се одлучил да му помогна на поранешниот премиерлигаш Болтон со забрзување на исплатата за дефанзивецот Роб Холдинг.

„Топчиите“ го добија 22-годишниот Холдинг во јули 2016 година за 2.5 милиони фунти и тој стартуваше на десет натпревари оваа сезона. Во договорот за откуп на Холдинг има и дополнителни бонуси и исплати, кои Арсенал ги исплаќа предвреме.

Болтон имаа ембарго на трансфери кое ќе биде кренато во јануари и со овие средства ќе можат да купат некои играчи со кои ќе се обидат да останат во англиската втора лига.

Навистина фер-потег од лондонскиот клуб.

Scroll to Top