Top Sport

Арсенал нови фаворити за потписот на Хаверц

Арсенал дале „првична“ понуда за напаѓачот на Челси, Каи Хаверц откако станаа сигурни дека го добиваат и Деклан Рајс од Вест хем, тврдат британските медиуми, иако додаваат дека не се подготвени да ги платат 70-те милиони фунти кои ги бараат „сините“.

Се очекува дека Арсенал ќе плати 100 милиони фунти за Рајс, и според „Атлетик“, следна желба на Микел Артета е Хаверц, но додаваат дека цената може да биде пречка. Баерн Минхен исто така се заинтересирани за германскиот реперзентативец, додека Реал Мадрид засега се откажуваат од трката.

Самиот Хаверц, кој пред три години им донесе титула во Лигата на шампионите на Челси, е подготвен да замине бидејќи не се чувствува доволно ценет во клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top