Арсенал ја одбиле и втората понуда од Астон вила за младиот плејмејкер Емил Смит Роув, иако клубот од Бирмингем сакал да исплати високи 30 милиони фунти, посочувајќи дека тој не е на продажба.
20-годишниот Смит Роув подолго време е главна цел на Астон вила, кои пред две недели дадоа прва понуда од 25 милиони фунти.
Англискиот младински репрезентативец беше дел од академијата на „топчиите“ и има уште две години од договорот со лондонскиот клуб, кој се обидува да обезбеди продолжување на барем уште три години.