Top Sport

Арсенал почна како фурија, на Јунајтед доволен еден гол (видео)

Арсенал со фантастичен почеток на мечот покажа дека Алексис Санчез можеби нема да недостасува толку на „топчиите“ за да стигне до 4:1 победа над Кристал Палас, додека на Манчестер јунајтед му беше доволен голот на Марсијал за важни три поени од гостувањето кај Барнли.

Монреал, Ивоби, Косциелни и Лаказет постигнаа по еден гол во првите 32 минути игра на „Емирати“, по што Миливоевиќ во 73. минута успеа да намали на 4:1, за импресивна победа на тимот на Арсен Венгер, кој наскоро ќе го напушти Алексис Санчез, кој и покрај шпекулациите не беше во тимот.

Манчестер јунајтед пак се доближи на 9 поени до Сити, по тешко извојуваната победа од 1:0 кај блиските соседи Барнли, благодарение на голот на Антони Марсијал во 54. минута.

Јунајтед не беа убедливи во голем дел од мечот, но на крајот успеаја да не примет гол веќе 504 минути. Барнли од друга страна имаат осум меча без победа.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 24. КОЛО

Арсенал – Кристал Палас 4:1

Барнли – Манчестер јунајтед 0:1

Евертон – Вест Бром 1:1

Лестер – Ватфорд 2:0

Стоук – Хадерсфилд 2:0

Вест Хем  – Бурнемаут 1:1

Scroll to Top