Арсенал се посветени да ја добијат битката со градските ривали Тотенхем за потписот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ и подготвени се дадат дури 80 милиони евра за потписот на Србинот, тврди италијанскиот „Спорт Медијасет“.
Околу Влаховиќ постоеја многу шпекулации и во текот на летото, но тие се зголемија откако тој одби да потпише продолжување на договорот со кое ќе станеше најдоброплатениот фудбалер во историјата на Фиорентина.
За Влаховиќ, кој има постигнато 13 гола досега во Серија А, подолго време се заинтересирани и Тотенхем, посебно преку новиот спортски директор Фабио Паратичи, а исто така се верува дека и Јувентус остануваат во игра и и покрај проблемите со истрагата на финансиската полиција во Италија.