Арсенал се заинтересирани за Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, тврди шпанскиот „Ел чирингито“, додавајќи дека тимот на Микел Артета е подготвен да даде многу пари за да го добие португалскиот ас како засилување во нападот.
По заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона и потенцијалното заминување на Александер Лаказет и Еди Нкетија во текот на летото, „топчиите“ ќе мора да бараат нов напаѓач, но Феликс нема да биде евтин.
Проблемот е во тоа што Атлетико плати за 22-годишниот Феликс дури 120 милиони евра и ќе се обиде да „врати“ барем дел од парите. Феликс пристигна на „Ванда метрополитано“ од Бенфика и имаше одличен старт со 15 гола во првата сезона за клубот, но оваа сезона само трипати се запиша во листата на стрелците во разочарувачка година за „рохибланкос“.
Покрај тоа тука е и конфликтот кој го имаше со Диего Симеоне, откако изјави за медиумите дека го „знае проблемот“ на Атлетико оваа сезона. Симеоне веќе има „пикирано“ замена во Гонсало Гуедеш од Валенсија.