Арсенал се многу блиску до договор со Јувентус за позајмица на фудбалерот од средниот ред, Артур Мело, јавува француската „РМЦ“.
„Топчиите“ подолго време бараат решение во средината на теренот, посебно по праќањето на Ејнсли Мејтланд-Најлс во Рома, како и отсуството на Томас Парти и Мохамед Елнени за Африканскиот куп на нации и позитивниот тест на Гранит Џака.
Артур пристигна во Торино со контроверзната трампа со Миралем Пјаниќ со Барселона, еден од договорите кои ја предизвикаа истрагата на италијанските финансиски власти околу вештачкото „набивање“ на цените на фудбалерите за да се прикаже поголем приход на клубовите.