Top Sport

Арсенал пред изненадувачки трансфер на Кивиор

Арсенал се пред комплетирање на трансферот на полскиот централен бек на Специја, Јакуб Кивиор во помалку неочекуван потег на Микел Артета, кој очигледно смета дека има потреба за засилување на одбраната во обид да се стигне до титулата во Премиерлигата, иако негвиот тим има примено само 14 гола во 18 лигашки меча.

Ова доаѓа откако „топчиите“ ги загубија Михајло Мудрик и Жоао Феликс од градскиот ривал Челси, и сега се подготвени да платат 20 милиони фунти за 22-годишниот Кивиор. По стартот на кариерата во ГСК Тихи, по само три месеци тој беше купен од Андерлехт, каде што успеа да влезе во првиот тим, и во август 2021 да замине за Специја за само 2.2 милони евра. Во италијанскиот клуб тој има 61 настап и дури 17 старта во 18 меча оваа сезона.

Кивиор беше дел од полската репрезентација на Светското првенство во Катар, каде што беше стартер на четирите меча на својата репрезентација.

Scroll to Top