Според британскиот „Дејли мирор“, Арсенал ќе се обидат да направат последен напор да го задржат Месут Озил на „Емирати“ со тоа што ќе го направат најплатениот фудбалер во лондонскиот тим.
Договорот на Озил завршува на крајот на сезоната и тој постојано е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед и во Барселона. Арсен Венгер неодамна изјави дека уште има надеж за договор, и сега „топчиите“ се подготвени да го направат најплатениот играч во историјата на тимот.
Според „Мирор“, ситуацијата со Чилеанецот Алексис Санчез е сосема поинаква – тимот се помирил со тоа дека тој ќе замине, и затоа целиот фокус е кон германскиот репрезентативец. Сепак, останува прашањето дали само парите ќе го убедат Озил да остане, или ќе побара место на кое ќе се бори за големите титули.