Top Sport

„Арсенал се како бебиња, Џака им е капитен…“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, ги критикувал играчите на Арсенал по поразот од Шефилд Јунајтед. Евра рекол дека тие не се победници.

Арсенал синоќа беа поразени во Шефилд (1:0) во последниот меч од деветтото коло во Премиер лигата.

„Шефилд ја заслужија победата. Ваков Арсенал не ме изненадува. Пред десет години ги викав „мои бебиња“ и тие и понатаму изгледаат така. Без навреда. Тие на теренот делуваат убаво, но не се победници. Секогаш играат убав фудбал, но јас секогаш без среќен кога ќе игравме против нив, бидејќи знаев дека ќе ги победиме“, рекол Евра во студиото на „Скај“.

„Гендузи е најдобар игра во овој Арсенал, а пред да дојде тука тој играл во втората лига во Франција и таму бил резерва…Многу луѓе се лути што капитен на овој тим е Џака. Ги почитувам Обамејанг и Лаказет, но доколку тие не постигнат гол настанува проблем и ништо не се случува. Зато се прашувам ‘каде е Венгер?’, бидејќи ова што се случува е исто како и тогаш“, заклучил Евра.

Арсенал по поразот во Шефилд останаа на петтото место со 15 бода.

Scroll to Top