Top Sport

Арсенал се свртеа кон Рафиња откако Челси им го „грабна“ Мудрик

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета вели дека клубот ќе ја заддржи „дисциплината“ во зимскиот преоден рок, откако Челси успеа да им го „украде“ Михајло Мудрик, по двете неуспешни понуди од „топчиите“. Според британските медиуми, тие сега ќе се фокусираат на можноста да го донесат Рафиња од Барселона.

Украинецот Мудрик денеска беше презентиран на „Стемфорд Бриџ“ потпишувајќи осумиполгодишен договор откако Челси платија 100 милиони евра за нговиот потпис. Ова доаѓа откако и Жоао Феликс, кој беше поврзуван со Арсенал, се реши за позајмица во Челси, и сега останува да се види дали Артета и клубот ќе реагираат со купување или позајмица на друг фудбалер во последните две недели од преодниот рок. Артета не сакаше да зборува за детали.

„Јас сум многу горд на фудбалерите кои ги имам. Секогаш сакам да има засилувања за тимот и клубот постојано работи на тоа. Но, мислам дека најважно е да имаме одредена дисциплина, да бидеме постојани во нашите цели и да знаеме што можеме да постигнеме во одреден момент. Прво да се фокусираме нашите фудбалери да ги направиме подобри. Секогаш има повеќе заинересирани“, вели Артета.

Scroll to Top